Search

Оксфорд – Арсенал под истрага – се сомнева на местенка за жолт картон!

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија започнала истрага за мечот во ФА-Купот, Оксфорд – Арсенал (0-3) во шеснаестинафиналето, поради сомнеж за местенка, но не резултатска, туку за – жолт картон.

Истрагата е започната поради сомнителни уплати на жолт картон на Керон Браун, дефанзивецот на Оксфорд, откако една англиска обложувачница му исплатила на еден неименуван обложувач чисти 1.600 фунти, откако тој ставил 200 фунти дека Браун ќе добие опомена.

Северноирецот во 59-та минута го доби жолтиот картон откако на недозволен начин го запрел Букајо Сака.

Сега сомнежите се дека Браун намерно го добил жолтиот картон, а ова не е прва истрага за вакво нешто, зашто таа за арсеналовецот Гранит Џака дојде до кривична истрага за поврзаност со албанска мафија за негов жолт картон, откако полицијата добила информации дека пола Албанија и Косово се обложувале на него.

Треба да знаете
Последни објави