Search

Кер: Кари повторно ја почувствува играта, беше многу добар во второто полувреме

Тренерот на кошаркарскиот НБА-лигаш Голден Стејт вориорс, Стив Кер се осврна на враќањето на теренот на првата ѕвезда на тимот Стив Кари.

 Кари повторно ја почувствува играта, во второто полувреме беше многу добар. Ова е позитивен момент, бидејќи е тешко да се вратиш по такви повреди, изјави Кер за „Марка”.

Кари пропушти 11 натпревари од сезоната 2022/23 во НБА поради повреда на левото рамо.

На првиот меч по враќањето, во кој неговиот тим се сретна со Феникс санс (113:125), Кари постигна 24 поени. 

Треба да знаете
Последни објави