Search

Врски без обврски: Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (48) – кој претходно беше со неколку убавици меѓу кои Жизел Бундхен и Бар Рафаели – ја започна романсата со Џиџи (27) во 2022 година, но според упатените, нивниот меѓусебен однос е лабав, без напорни препрашувања.Инсајдер изјави за „Ентертејнмент тунајт“: „Лео и Џиџи уживаат во своето време заедно кога можат да се видат, но кога се зафатени со различни обврски, можно е да не се видат со денови и тоа им одговара и на двајцата.

„Тие имаат почит еден кон друг и ќе видат како одат работите.“

Џиџи има двегодишна ќерка со поранешниот вокалист на „Уан дарекшн“, Зејн Малик.

Манекенката моментално се чувствува урамнотежена, среќна и ја фокусира својата енергија на кариерата и ќерката, додаде изворот. „Главен приоритет на Џиџи е нејзината ќерка, и да ги одржува работите позитивни и релаксирани.“

Леонардо, од друга страна, сака да се забавува, негов приоритет е работата и дружбата со пријателите“.

Треба да знаете
Последни објави