Search

Јакимовски најдобар атлет-студент во декември на колеџот во Вашингтон Стејт

Најдобар атлет и студент во последниот месец од годината што измина на Вашингтон Стејт Универзитетот во Соединетите Американски држави, е токму нашиот кривопаланечки кошаркарски талент, член на македонската репрезентација, Андреј Јакимовски.

Како што објавија од неговиот универзитет, Јакимовски е прогласен за најдобар студент -атлет во декември 2022, што е вторпат во изминативе 365 дена да биде вброен во најдобрите, откако во 2022 веќе беше дел и од најдобрата петорка на универзитетот со најдобар квалитет на едукативен и спортски план на крајот на сезоната.

Јакимовски го доби свечено официјалното признание за најуспешен атлет -студент во 2022 на почетокот на овој месец,а исто така беше доминантен и на последниот натпревар на Вашингтон Стејт Универзитетот против тимот на “Тројанцитe” кого го победија првпат по март 2015 година.

Македоинецот е еден од најперспективните играчи во тимот на тренерот Кајл Смит кој верува во екипата што со силна одбрана ќе биде дел од најдобрите, а Јакимовски, по повредата на стапалото и одиграните одлични одбранбени партии за колеџот, дефинитивно е играчот – носител на промените на победите во Вашингтон Стејт Универзитетот.

Треба да знаете
Последни објави