Search

Хју Џекмен: Немојте да го номинирате Рајан Рејнолдс за „Оскар“, ќе ми го загорчи животот

Актерот Хју Џекмен настојува да го задржи своето разиграно присуство на социјалните мрежи, без разлика дали објавува духовити видеозаписи додека снима филмски звук за сцена во која го глуми Вулверин или вежба седејќи пред Мет-гала.

Така, неговата неодамнешна објава на „Инстаграм“ и „Твитер“ во која ја моли Академијата за филмски уметности и науки да не го номинира Рајан Рејнолдс за „Оскар“ оваа година е целосно во неговиот карактер.

Рејнолдс е во потесниот круг за номинација за најдобра песна (Good Afternoon) од божиќниот филм Spirited, но Џекмен сега ги моли да нема „Оскар“ за Рајан.

Во видеото што го сподели тој вели: „Многу ми се допадна Spirited како филм, го гледав со целото семејство и навистина уживавме. Го сакам Ферел, ја сакам Октавија Спенсер и ја сакам песната Good Afternoon. Се смеев во текот на целиот филм и тоа е брилијантно,“ започна Џекмен, а потоа продолжи со малку поинаков тон.

„Сепак, ве преколнувам не го земајте предвид Рајан Рејнолдс во вашите номинации за „Оскар“. Ако Рејнолдс е номиниран во категоријата за најдобра песна, мојот живот ќе биде неподнослив следнава година,“ вели Џекмен во видеото и потоа објаснува.

„Морам со Рејнолдс да го снимам Wolverine и Deadpool претстојнава година. Ако ја добие таа номинација, ќе биде невозможно да снимам со него и тоа ќе биде голем проблем.“

Се разбира, сè што кажа, го кажа на шега. Рајан и Хју со години јавно се провоцираат и тролаат, на големо задоволство на нивните фанови, а последното видео на Хју не е исклучок. Згора на тоа, Рајан веќе го сподели видеото на Хју на својот „Инстаграм“ и му остави шеговит коментар.

„Знам дека сè уште е рано, ама Good Afternoon и за тебе господине Џекмен“, напиша Рејнолдс.

Треба да знаете
Последни објави