Search

Динамо го продаде Оршиќ во Премиер лигата

Повеќекратниот хрватски фудбалски шампион Динамо Загреб важи за еден од најдобрите клубови во југоисточните делови на Европа според продажбата на своите играчи. „Модрите“ од Максимир одиграа уште еден добар бизнис-потег со одобрен трансфер на својот репрезентативец Мислав Оршиќ во Саутемптон. Трансферот ќе чини десет милиони евра.

Најдобриот стрелец на Динамо, Оршиќ по лекарските прегледи кои би требало да бидат завршени денес ќе потпише договор со последниот тим во Премиер лигата, пренесуваат хрватските медиуми. „Модрите“ минатото лето одбија 18 милиони евра од Барнли за Оршиќ, за кого проценија дека треба да остане во клубот да помогне да се освои нова титула и да се обезбеди место во ЛШ. По остварените цели кои им донесоа набилдан рејтинг и дополнителни пари, раководството дозволи Оршиќ да замине од „Максимир“.

Напаѓачот има 30 години, па токму поради тоа и неговата цена опадна и покрај одличните настапи, во дресот на Динамо и за хрватската репрезентација на СП во Катар.

Треба да знаете
Последни објави