Search

(Видео) Милик од слободен удар во судиското продолжение му обезбеди три бода на Јувентус од дуелот со Кремонезе

Јувентус во 16. коло од италијанската фудбалска Серија А до очекуваните три бода од дуелот со Кремонезе со погодокот постигнат во судиското продолжение (19 минута) на Аркадиуш Милик од слободен удар. За полскиот интернационалец Милик ова е петти гол сезонава во италијанскиот шампионат во дресот на „старата дама“.

Со овој триумф продолжи победничката серија на клубот од Торино, кој нанижа вкупно 10 триумф, и пласман на трето место со 34 бодови.Кремонезе е претпоследен со седум бодови.

Во следното коло на 7 јануари Јувентус е домаќин на Удинезе за кого настапува македонскиот интернационалец Илија Несторовски, додека два дена подоцна Кремозене ќе гостува кај Верона.

Се одигра уште еден натпреавр од Серија А, во кој Фиорентина пред своите навивачи ремизираше 1:1 со екипата на Монца.

Треба да знаете
Последни објави