Search

Градежништвото во 2022: Поништени тендери, високи трошоци, правна помош за над 1000 работници

Градежништвото, според бизнис заедницата, остава зад себе година со малку градежни активности, мал број нови и голем број поништени тендери, пораст на цените на енергенсите и на сите компоненти на градба. Во делот на работничките права, пак, според оценките на гранскиот синдикат, им била потребна и е дадена правна помош на над 1000 работници, а регистрирани се повреди на работно место при што  20 случаи се со фатални последици.

Сето тоа проследено и со отворениот стечај во ДГ Бетон АД Скопје, една од трите најголеми градежни компании од осамостојувањето на државава до денес.

За поместување на состојбите бизнисот бара правна сигурност, непречено работење на реалниот сектор и реализација на инвестициските проекти, како и нов закон за градење, а синдикатот најавува борба за грански колективен договор.

И натаму хроничен проблем со одливот на кадарот,  како резултат на ниските примања. Според пресметките на СГИП, просечната плата на општ градежен работник изнесува 24.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави