Search

Честитка од градоначалникот Тимчо Муцунски по повод новогодишните празници

Градоначалникот Тимчо Муцунски во новогодишната честитка до граѓаните објавена на неговиот инстаграм и фејсбук профил посака Среќна нова година и порача дека поддршката и разбирањето се темел на соработката со граѓаните, a таа пак е основа со која заеднички ќе се направи многу за поубав Аеродром.

„На почетокот на новата година, во утрото во кое сите ја споделуваме празничната радост и енергија, Ви посакувам посреќна, повесела и поуспешна година”, истакна Муцунски во честитката.

Тој потенцираше дека изминатата 2022, била првата година од неговиот мандат во која се реализирани најголемиот дел од планираните инвестиции и проекти.

“Во новата 2023 година влегуваме подготвени, со многу нова искуства и идеи кои ги црпиме од комуникацијата со вас и од вашите предлози. Токму, Вашата поддршка е силата која ќе не води во остварување на плановите за оваа година. Дозволете на почеток на оваа година да посакам здравје, љубов, меѓусебно разбирање и почит. Поддршката и разбирање да биде темел на нашата соработка, а тaa пак да биде основата со која заеднички ќе направиме многу за нашата општина, за нашиот Аеродром. “, додаде тој во честитката.

„Празничната атмосфера нека донесе енергија со која ќе ги надминеме сите предизвици со кои ќе соочиме оваа година. Бидете здрави и живи, Среќна нова година”, заклучи Муцунски во својата фејсбук и инстаграм објава.

Треба да знаете
Последни објави