Search

Пленковиќ ja честеше дер Лајен кафе во Загреб, го плати со евра

Нема место што посилно симболизира нови почетоци од хрватско-словенечката граница на Нова година, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на денот кога Хрватска стана дел од еврозоната и Шенген зоната.

Ова е ден за славење, ова е сезона на нови почетоци, рече фон дер Лајен на граничниот премин меѓу Хрватска и Словенија кој сега веќе е укинат, Брегана, каде пристигна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и новата словенечка претседателка Наташа Пирц Мусар.

Нема место во Европа каде тоа е вистина повеќе отколку тука, на хрватско-словенечката граница, нагласи таа, нарекувајќи го влезот на Хрватска во областа на слободното движење и еврозоната огромно достигнување за најмладата членка на Европска унија.

-Целите ги постигнавме заслужено и со уверување дека тоа ќе биде корисно за хрватските граѓани и економијата“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Пленковиќ и Урсула фон дер Лајен по престојот на граничниот премин Брегана, испија кафе во ресторан во центарот на Загреб, кое домаќинот првпат го плати со евра.

-Ова е мое прво плаќање со евра, изјави Пленковиќ. Хрватска од денеска и официјално е членка на Шенген зоната и на еврозоната.

Премиерот на претседателката на ЕК ѝ  ги покажа и хрватски монети и објасни што претставуваат симболите на хрватските евра.

 

Треба да знаете
Последни објави