Search

Османи: Го поддржуваме дијалогот меѓу Косово и Србија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи вели дека македонската Влада го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија и постигнувањето решение со меѓусебно признавање на двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното интервју за агенцијата „КосоваПрес”, Османи вели дека Северна Македонија со загриженост го следела развојот на настаните во Косово минатите недели, кога косовските Срби поставија барикади на патиштата во северниот дел на земјата.

– Ја следиме (состојбата) со загриженост, затоа што е многу тенка линијата од инфламаторната реторика, или националистичката реторика, до ескалацијата на терен. Затоа бевме против тие повици за враќање на војската на Србија во Косово, макар и тоа да е само за внатрешни потреби, затоа што вие можете да имате некоја идеја зад таа реторика, но луѓето можат да ја сфатат поинаку и потоа да биде предоцна, вели Османи.

Затоа, смета шефот на македонската дипломатија, битно е „да се смири таа непотребна реторика”.

– Сметам дека интензивирањето на посредништвото преку конкретни идеи претставува добра можност, што треба да ја искористат двете страни. Зборот ми е за европското посредништво преку француско-германскиот предлог (за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград), затоа што состојбата статус-кво не одговара на ниедна од страните, ниту на Косово, ниту на Србија. Од статус-кво профитираат единствено трети земји кои сакаат да одржат отворен конфликт тука и на тој начин да влијаат, изјави Османи. 

Треба да знаете
Последни објави