Search

На северните Алпи денеска се измерени рекордно високи температури

Рекордни температури беа измерени на северната страна на Алпите во Швајцарија и Лихтенштајн на првиот ден од 2023 година.

Во малиот северен швајцарски град Делемон и главниот град на Лихтенштајн, Вадуц, денеска се измерени над 20 степени Целзиусови, објави Метеоњуз.

Претходниот рекорд во јануари беше измерен на 12 јануари 1993 година во Луцерн, кога беше 19,4 степени Целзиусови.

Во Делемон во неделата беше 20,9 степени.

Вкупно 36 мерни станици измериле локални максимални температури на Нова година.

Треба да знаете
Последни објави