Жителите на Њујорк беа меѓу првите кои ја дочекаа Новата година во САД. Стотици илјади луѓе се собраа на главниот плоштад за да ја дочекаат новата година, а во 6 часот по наше време влегоа во 2023 година. Публиката до полноќ ги следеше настапите на J-Hope и New Edition, а на полноќ на Тајмс Сквер се слушаше познатата песна на Френк Синатра „New York“.
На полноќ, голем аплауз одекна низ Тајмс Сквер. Студеното време и снегот не ја расипаа празничната атмосфера која владееше на Тајмс Сквер.
На главниот плоштад настапија бројни ѕвезди. Меѓу нив беше и популарниот корејски бенд БТС,пренесе Аваз.ба.