Search

Арсовска на Нова година со Бригадата за противпожарна заштита Скопје

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ја честита Новата 2023 година, која што објави дека ја дочекала со Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

-Драги и почитувани пријатели, Вам и на Вашите најмили Ви посакувам година исполнета со среќа, здравје и успеси! Новата 2023 година ја дочекавме заедно со Бригадата за противпожарна заштита Скопје и нашите пожарникари кои 365 дена во годината се грижат за сигурноста и безбедноста на сите нас, напиша Арсовска во објава на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави