Search

Почина легендарната модна дизајнерка Вивиен Вествуд

Почина легендарната модна дизајнерка Вивиен Вествуд, соопшти нејзиниот претставник за медиуми. Таа имаше 81 година.

Дам Вивиен Изабел Вествуд беше англиска модна дизајнерка и бизнисменка, заслужна за внесувањето на естетиката на панкот и Њу вејв во мејнстримот.

Вествуд се прослави во 70-тите правејќи облека инспирирана од панк и рок музиката и ја продаваше во бутикот на King‘s Road наречен СЕКС, заедно со нејзиниот тогашен сопруг, Малколм Мекларен, менаџерот на легендарниот панк бенд Секс Пистолс. Споменатата продавница беше дружилиште на првите членови на лондонската панк сцена.

Вествуд имаше исклучително интересен и динамичен живот.

Во своите 20-ти години работела во училиште, живеела во малиот град Вилесден, одела во црква и предавала во училиште, кое го напуштила за да им се посвети на своите два сина.

– Нашите животи навистина го променија моментот кога Малком дојде до идеја да продава рокенрол плочи на побогати клиенти. Во тоа време никој на радиото немаше ни слушнато за рокенрол – изјави тогаш Вествуд.

Почнала да создава облека инспирирана од рокенролот. Таа беше полна со идеи и самата се научи како да креира облека. Земала делови од стара облека од педесеттите и ги комбинирала во нови колекции. На крајот, целата нејзина кариера ја одбележаа токму такви модели.

Таа и самата имаше доста радикални тврдења, како на пример: „Немаше панк пред мене и Малком. И она што треба да го знаете за панкот е дека тоа беше вистинска експлозија… И она што го правам во моментов е панкот и секогаш ќе биде во мојата работа, на еден или друг начин.’

Треба да знаете
Последни објави