Search

Рома ги продолжува преговорите со Депај

Рома не се откажува од идејата да го ангажира напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај, објави „Sport.es”.

Селекторот на римјаните, Жозе Мурињо и неговото друштво ќе инсистираат да го убедат Холанѓанецот да го напушти каталонскиот клуб уште во јануари.

Депај во блиска иднина треба да оствари лична средба со тренерот на Барса, Чави.

Оваа сезона 28-годишниот напаѓач одигра три натпревари за Каталонците” и постигна еден гол. Договорот со Барселона е до летото 2023 година.

Претходно беше објавено дека каталонскиот клуб е подготвен да го пушти играчот за пет милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави