Search

Принцот Ендрју протеран од Бекингемската палата

Британскиот крал Чарлс го протера принцот Ендру од Бакингемската палата по скандалот со педофилот финансиер Џефри Епштајн, јавуваат британските медиуми.Тоа наводно значи дека на Ендру нема да му биде дозволено да има канцеларија во споменатата палата, а како што пишува „Дејли мејл“, Чарлс овој пат бил строг и му рекол на својот брат дека отсега тој е принуден да се грижи за себе.

– Секое присуство во палатата е официјално завршено. Кралот јасно стави до знаење. Тој повеќе не е работен член на семејството и сега е оставен сам да се снаоѓа – рекол изворот, додавајќи дека принцот Ендру утре ќе им се придружи на кралот и на другите членови на кралското семејство на божиќниот ручек во Сандригам, но нема да има можност да оди на семејна прошетка во црква со нив.

Од друга страна, принцот Ендрју тврди дека никогаш не бил близок со Епштајн, кој изврши самоубиство во затвор во август 2019 година, откако беше обвинет за сексуална трговија и злоупотреба на деца, чија поранешна девојка, Гислајн Максвел, моментално отслужува 20-годишна затворска казна.

Треба да знаете
Последни објави