Search

ФИФА го прогласи голот на Ришарлисон против Србија за најубав во Катар

Веќе во првото коло од групната фаза го добивме најубавиот гол на Светското првенство во Катар. Од 10-те голови избрани од ФИФА голот на  Ришарлисон доби најмногу гласови од фановите.

Темпераментниот Бразилец ги постигна двата гола во победата од 2:0 над српската репрезентација на првиот меч од групата Г, а вториот ја заслужи титулата најдобар гол на турнирот.

Тоа беше вистинска ракета во мрежата на Милан Борјан во  73. минута Ришарлисон со десна ја прими топката на Винисиус и со акробатски потег, своевидни -полу-ножички го постави конечниот резултат со удар во десниот агол на голманот.

ФИФА не објави колку гласачи го избрале овој гол за најубав во Катар, но во секој случај добил најмногу гласови.

Треба да знаете
Последни објави