Search

Манчестер јунајтед го доби најпосакуваниот ривал во четвртфиналето од Лига Купот

Манчестер јунајтед го доби џекпотот од ждрепката за четвртфиналните двојки во фудбалскиот Лига Куп на Англија. „Црвените ѓаволи“ го добија најпосакуваниот противник во оваа рунда, третолигашот – Чарлтон.

Во останатите три двојки, ќе има пресметки помеѓу екипи од елитната Премиер лига. Манчестер сити, кој синоќа го елиминира Ливерпул, ќе гостува кај Саутхемптон, Нотингем форест ќе биде домаќин на Вулверхемптон, додека Њукасл на свој терен ќе го пречека Лестер.

Треба да знаете
Последни објави