Search

Клоп: Примивме наивни голови

Јирген Клоп, тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул смета дека  неговите избраници направиле непотребни грешки кои ги чинеле пораз од Манчестер сити (3:2) на „Етихад“, во рамките од осминафиналето на Карабао купот. Сепак германскиот стартег е оптимист дека „црвените“ ќе играат подобро во продолжението од сезоната.

Германецот го коментирал поразот во дербито, потенцирајќи дека дозволиле да примат наивните голови.

– Првите 15 минути беа навистина тешки, игравме во формација на која не сме навикнати. Потоа направивме промени, моравме да се адаптираме и изгледавме подобро. Сепак, Сити против нас играше супер, супер тим кој прави се да изгледа потешко. Примивме непотребни голови, заспавме на стартот на вториот дел кога Марез реализираше, а потоа и за третиот гол кога не бевме адаптирани на последната замена. Можевме да постигнеме повеќе голови, но треба да го прифатиме резултатот – изјавил Клоп.

Треба да знаете
Последни објави