Search

Здравствената состојба на Пеле е критична

Здравствената состојба на легендарниот бразилски фудбалер Пеле (82 г.) е критична. Според  бразилските медиуми членовите на неговото семејство веќе започнале да се собиираат за да се простат од еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Пеле повеќе од дваесет дена се наоѓа во болницта „Алберт Ајнштајн“, лекарите пред неколку дена соопштија дека ракот на дебелото црево прогресирал во телото на Бразилецот. Медиумите известуваат дека Пеле повеќе не може ниту да зборува.

Една од ќерките на Пеле веќе најави дека нејзиниот татко сигурно ќе остане во болница за време на божиќните празници.

Сите се свесни дека ситуацијата со животната битла на Пеле е деликатна и почнало да шпекулира за тоа како треба да изгледа националното збогување во Бразил од легендарниот фудбалер. Според тамошните медиуми планот е прво да се одржи интимно бдение за блискиот семеен круг, по што стадионот Сантос ќе биде отворен за јавноста.

 

Треба да знаете
Последни објави