Search

Елена Ристеска ќе пее за Нова Година во Скопје

Елена Ристеска на својот Инстаграм профил официјално сподели дека ќе пее за Нова Година на Плоштад Македонија.

Елена Ристеска на својот инстаграм профил официјално сподели дека ќе пее за Нова Година на Плоштад Македонија.

-На 31-ви декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме НОВАТА 2023-ТА ГОДИНА. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад. Заедно со мојот бенд и со моите колеги од музичката естрада ќе го направиме дочекот на новата година незаборавен и полн со позитивна енергија и надеж. Ве чекам и ВЕ САКАМ НЕИЗМЕРНО! Ваша Елена

Треба да знаете
Последни објави