Search

Алегри не знае кога Влаховиќ ќе се врати во тимот на Јувентус

Напаѓачот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Јувентус и репрезентативец на Србија, Душан Влаховиќ се уште не е целосно опоравен и нејасно е кога ќе може да игра за „страта дама“, пренесува Газета дело Спорт.

Веста ја потврди тренерот, Масимилијано Алегри. На прашањето во каква состојба е Влаховиќ и дали ќе може да настапи на првиот меч во 2023 година против Кремонезе на 4. јануари, тренерот не можеше да даде конкретен одговор.

Влаховиќ на Светското првенство во Катар постигна еден гол за Србија против Швајцарија, но ниту за тој меч не беше 100 отсто подготвен, па ја напушти играта во 55. минута.

Српскиот ас последен пат го одигра целиот натпревар на 15. октомври во победата на Јувентус над Торино од 1:0, кога го постигна единствениот гол на натпреварот.

Последен пат за Јувентус, Влаховиќ ја забележа на 25 октомври, кога беше заменет во поразот од Бенфика (3:4) во Лигата на шампионите.

Тој во јануари дојде во Јувентус од Фиорентина, во трансфер вреден 80 милиони евра. 22. годишниот фудбалер досега постигна 16 гола во 36 настапи за клубот.

Треба да знаете
Последни објави