Search

Фановите на „Сам дома“ забележаа клучен детаљ во врска со Кевин

Секоја година пред Божиќ многу луѓе го гледаат популарниот празничен филм „Сам дома“ и неговите продолженија. Но, малкумина ја забележале причината зошто родителите го забораваат малиот Кевин пред да заминат на патување.

Неодамна, 32 години по објавувањето на филмот, еден тиктокер објави објаснување зошто Кевин останува сам дома. Многумина беа прилично изненадени што претходно не го забележаа овој детаљ.

„Гледам Home Alone сите овие години и не знаев дека таткото ја фрлил авионската карта на Кевин“, напиша тој покрај видеото.

Имено, таткото на Кевин собирал ѓубре низ куќата и ја фрлил во канта. Но, по грешка, во канта завршила и авионската карта на Кевин. Целото семејство побрза да се качи во авионот, а родителите на Кевин, бидејќи ја немаа неговата авионска карта, не сфатија дека едно од нивните деца недостасува.

Луѓето во коментарите откриваат дека се изненадени бидејќи го пропуштиле овој детаљ сите овие години.

„Не им останува вишок билет кога ќе влезат во авионот, затоа не сфаќаат дека Кевин го нема,“ „Таткото го направи тоа намерно“, „Има низа настани кои ги спречуваат да сфатат дека Кевин го нема сè додека не е предоцна“, „Го гледав овој филм сто пати и никогаш не го забележав ова“, се дел од коментарите под видеото кое е прегледано 4.6 милиони пати.

Треба да знаете
Последни објави