Search

Стадионите во Катар ќе се преуредат во болници, хотели, трговски центри…

Светското фудбалско првенство во Катар заврши со спектакуларно финале во кое Аргентина по многу возбудувања и ја одзеде титулата на Франција со подобро изведување на пенали (2:2 регуларен дел, 3:3 по продолженија, 4:2 на пенали). Со 172 постигнати голови на 64 натпревари, ова првенство беше најефикасно во историјата на Мундијалите, а со нешто повеќе од 3,4 милиони гледачи на стадионите беше третиот најгледан  завршен турнир од 1930 година.

Катар за потребите на ова првенство инвестираше вкупно 220 милијарди долари, од кои 6,5 милијарди се потрошени на стадионската инфраструктура.

Светското првенство се играше на 8 стадиони, но дури седум ќе бидат користени во други цели откако ќе заврши Азискиот фудбалски куп што ќе се игра следната сезона.

На најголемиот стадион „Лусаил Ајконик“, на којшто се играше финалето меѓу Аргентина и Франција, ќе му биде намален капацитетот и ќе биде преуреден во станбено-деловен комплекс во кој ќе има и болница, училиште, трговски центар.

Треба да знаете
Последни објави