Search

Се влошува здравствената состојба на Пеле

Се влошува здравствената состојба на легендарниот бразилски фудбалер Пеле (82 години). Еден од најдобрите фудбалери во светот кој стави печат на неговото време води животна битката со ракот на дебелото црево.

Пеле е префрлен на палијативна нега во болницата откако неговото тело повеќе не реагира на хемотерапијата. Па, иако неговото семејство убедуваше дека е добро, сепак последните информации говорат за влошена состојба поради што ќе мора да остане на болница, а за тоа зборува и најновото видео од клиниката каде е сместен легендата на светскиот фудбал.

Ќе останам хоспитализиран во нормална соба која има лекарски надзор. Нема да бидам на интензивна нега“ – напиша Пеле од болницата, а неговата ќерка само порача:

„Сакајте го, а вашите приказни и молитви многу ни помагаат затоа што знаеме дека не сме сами“.

Треба да знаете
Последни објави