Search

Роналдо ќе „лапа“ милиони и ќе не убедува Светското првенство во 2030 да се игра во Саудиска Арабија

Се поизвесно е дека португалскиот фудбалски интернационалец Кристијано Роналдо ќе ја продолжи својата играчка кариера во Саудиска Арабија, во недостаток на понуди од клубовите од Европа. Популарниот ЦР7 кој е назалезот од својата кариера е подготвен да му каже ДА на Ал Наср.

Како што пренесува Марка, Кристијано Роналдо ќе стави потпис на долгогодишен договор и ќе се обврзе кон Ал Наср до 2030. Тој ќе треба да игра фудбал две ипол години, а потоа ќе биде амбасадор и агитира Саудисака Арабија (заедно со Грција и Египет) да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030 година.

Што се однесува до финансискиот дел од оваа зделка, претходно се пишуваше дека Кристијано Роналдо ќе заработува 200 милиони евра по сезона, или 500 милиони евра за соработка до 30. јуни 2025 година.

Марка пак пишува дека сумата од 200 милиони евра се однесува за две ипол години, односно периодот кога Кристијано Роналдо ќе игра фудбал. Колку ќе заработи како амбасадор е нејасно, но Марка додава дека платата сигурно ќе му се зголеми кога ќе стави крај на кариерта и ќе почне да ја промовира Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави