Search

Изненадување во Евролигата: Партизан го сруши Фенербахче во Истанбул

Партизан успеа да слави голема победа во Истанбул со 73:72 во 15. коло од Евролигата. Победата црно-белите ја обезбедија во драматична завршница, а домаќините ги расплака Алекса Аврамовиќ со двете слободни фрлања во последните моменти.

Подобро го отвори натпреварот Фенербахче, меѓутоа гостите не дозволуваа домаќинот да се одлепи. Првата четвртина заврши со 16:19 во корист на турскиот тим. Во добар ритам Партизан влезе на стартот од вториот период кога имаше серија од 7:0 и поведе со 23:19. Следуваше изедначена игра по која Фенербахче на пауза на полувремето водеше со 37:33.

Со агресивна игра во одбраната Фенербахче дојде на +11 во третата четвртина, Партизан не се откажа и брзо намали на шест негатива со кои се влезе во последниот период (57:51).

Српскиот претставник беше подобар во завршницата и успеа да излезе како победник од големата битка. Аврамовиќ остана со „мирна рака“ и ги реализираше слободните фрлања со кои Партизан дојде до победата.

Вилвекин за Фенербахче беше најефикасен со 14 поени, додека Пантер на спротивната страна на натпреварот го заврши со 12 поени, четири скока и две асистенции.

Главна ѕвезда сепак беше тренерот Жељко Обрадовиќ кој првпат по замнивањето во 2020, гостуваше против Фенер, клуб со кој во 2017 година ја освои евролигашката титула. Пред мечот, најтрофејниот европски тренер доби овации од фановите, и подарок од клубот.

Треба да знаете
Последни објави