Search

Голема победа на Ѕвезда во Атина, Олимпијакос на коленици

Големата победа на Партизан над Фенербахче во Истанбул, како да беше мотивација плус за Црвена ѕвезда и таа да победи на гости против некогашен еверопски првак, во случајов Олимпијакос.

Грчкиот тим по изедначените десетина минути ја презеде контролата врз играта и стигна до 42:30, а потоа Звезда започна да игра подобро. Со серија од 8:0 српскиот тим намали на 41:44.

Второто полувреме донесе голема битка, а пресврт Звезда направи во завршницата кога дојде до 65:62. Од тој момент успешно го бранеше водството се до звукот на сирената.

Најефикасен во редовите на Звезда беше Вилдоза со 21 поен, четири скока и осум асистенции, Блек за Олимпијакос уфрли 14 поени.

Црвено-белите од Белград ги победија Црвено-белите од Пиреа со 90-86, и сега се на скор 8-7. Ако денеска завршеше сезоната во Евролигата, Ѕвезда ќе играше плејоф.

Вилдоза со 22 поени беше предводник на Ѕвезда, а Петрушев бее џокерот со 14.

Треба да знаете
Последни објави