Search

(Видео) Чикаго иако имаше водство од 18 поени со кош во последната секунда ја спаси победата против Атланта

Кошаркарите на Чикаго и на Атланта (110:108) го одиграа најдраматичниот меч во синоќешните единаесет натпреаври од најсилната лига во светото НБА. И покрај убедливото водство на гостинот Чикаго од 18 поени, на крајот ппобедата ја спасуваше со кош во последната секунда.

ДеМар Дерозан го промаши целиот кош, а потоа до топката дојде Ајо Досунму, кој погоди за победа.

Торонто благодарение на Паскал Сијакам ја прекина низата од пет порази. Репторс победија во Њујорк со 113:106. Сијакам погоди 17 од 25 удари од поле и постигна 52 поени. Покрај тоа, имаше и девет скока, седум асистенции и една освоена и една загубена топка.

Лош натпревар одигра актуелниот шампиони Голден Стејт кој загуби на гостувањето кај Бруклин со 143:113. Вориорс имаат големи проблеми со повредени играчи, во отсуство на најдобрите се истакна Џејмс Вајсман. Кевин Дурант ги предводеше Нетси со 22 поени.

Резултати: Кливленд – Милвоки 114:106, Филаделфија – Детроит 113:93, Атланта – Чикаго 108:110, Бостон – Индијана  112:117, Бруклин – Голден Стејт 143:113, Њујорк – Торонто 106:113, Хјустон – Орландо 110:116, Минесота – Далас 99:104, Оклахома – Портланд 101:98,
Сакраменто – ЛА Лејкерс 134:120, ЛА Клиперс – Шарлот 126:105.

 

Треба да знаете
Последни објави