Search

(Видео) Мачки надмудриле елка закачена на таван

Луѓето кои чуваат мачки знаат колку овие домашни миленици  се опседнати со новогодишните елки, но и упорни во сè што ќе им падне на памет.

Сопственици мислеле дека ако ја закачат елката од таванот, таа ќе биде недостапна за нивните две мачки и нема да може да ја уништат, но финтата не им успеала.

Двете мачки сфатиле дека на таванот има елка и се обидувале да најдат начин да дојдат до неа. Не им требало многу време. Едната се качила на кауч, скокнала на дрвото и го занишала.

„Оваа година решивме да ја закачиме елката на таванот за мачките да не ја уништат. Не успеа“, пишува покрај видеото

Треба да знаете
Последни објави