Search

Барселона планира оваа зима да го продаде Ансу Фати

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона е подготвена да се раздели со напаѓачот Ансу Фати во зимскиот преоден рок, објави „Goal.com”.

Според изворот, стручниот штаб на каталонскиот клуб престанал да го гледа Фати како главен играч и повеќе не смета на напаѓач. Раководството на клубот од „Камп Ноу” очекува да добие најмалку 80 милиони евра од продажба на напаѓачот.

Дваесетгодишниот Шпанец оваа сезона забележа 20 настапи за Барселона и постигна три гола и имаше три асистенции.

Вредноста на играчот според порталот „Transfermarkt” се проценува на 50 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави