Search

Репрезентативците на Мароко ќе ги донираат на сиромашни семејства сите парични награди од СП

Фудбалерите на мароканската репрезентација одлучија да ги донираат сите пари заработени на Светското првенство во Катар во 2022 година за да им помогнат на сиромашните семејства во својата земја.

Мароканците се пласираа во полуфиналето на Мундијалот каде загубија од Франција (0:2). Во мечот за третото место загубија од Хрватска (1:2).

Според „АП”, мароканската репрезентација за својот настап заработила околу 25 милиони долари.

Мароко станаа првата африканска репрезентација во историјата на Светските првенства што стигнала до полуфиналето на турнирот.

Претходно најдобар резултат на екипите од овој континент беше четвртфиналето. 

Треба да знаете
Последни објави