Search

Принц Хари: Ја изгубив невиноста со прекрасна постара жена

Принцот Хари треба да ги објави своите мемоари во јануари следната година, а некои „сочни“ извадоци веќе протекоа во јавноста.

Една од работите кои излегоа на виделина е тоа што принцот во своите мемоари откри кога и со кого ја изгубил невиноста.

Наводно, во своите мемоари, Хари зборува за тоа како ја изгубил невиноста како тинејџер со една прекрасна постара жена на село, а веднаш почнаа шпекулациите за тоа која би можело да биде жената.

Повеќето гласини беа поврзани со едно добро познато име, актерката Елизабет Харли, која поради тоа беше доведена во прилично непријатна ситуација.

„Не сум јас. Не сум јас виновна. Не, не сум јас. Апсолутно не“, ги демантираше Харли гласините на медиумите кои ѝ го поставија ова незгодно прашање.

Инаку, автобиографијата на принцот Хари наречена „Spare“ треба да излезе на 10 јануари следната година. Луѓе блиски до семејството веруваат дека на кралското семејство нема да им биде лесно за празниците бидејќи деталите од неговата биографија продолжуваат да протекуваат пред објавувањето на книгата.

Треба да знаете
Последни објави