Search

Манчестер јунајтед го сака Гризман-му понуди 60 милиони евра на Атлетико

Манчестер јунајтед е подготвен да го купи напаѓачот Антоан Гризман за 60 милиони евра, тврди „Фихајес”.

Според изворот, Манчестер е во потрага по напаѓач кој ќе го замени Кристијано Роналдо, кој го напушти тимот пред еден месец.

Атлетико ги откупи правата на играчот од Барселона во летото 2022 година.

Самиот играч не би сакал да го напушти мадридскиот клуб.

Триесет и едногодишниот Гризман на Светското првенство во 2022 година во француската репрезентација оствари три асистенции на седум натпревари и освои сребрен медал. 

Треба да знаете
Последни објави