Search

Генијална асистенција и нов трипл-дабл за Јокиќ

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен настап за Денвер кој стигна до 19-тата победа во сезоната против лидерот на Западната конференција, Мемфис со 105:91. Со оваа победа Нагетси се изедначија со Мемфис со скор 19-11 во победи.

Joкиќ го оствари 82. трипл-дабл во кариерата откако запиша 13 поени, 13 скокови и асистенции. Најефикасен на мечот беше Ерон Гордон со 24 поени, седум скокови и четири асистенции. Јокиќ се истакна и со генијална асистенција.

Голден Стејт ја продолжи лошата серија во најсилната кошаркарска лига откако беше декласиран од Њујорк со 94:132.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Јута 111-126
Мајами – Чикаго 103-113
Феникс – Вашингтон 110-113

Треба да знаете
Последни објави