Search

Фјури и Усик се договорија, ќе се борат за обединување на титулите

Ако им се верува на британските медиуми, а Скај Спортс е еден од најавторитетните, двајцата боксерски тешкаши и големи „фаци“ од овој спорт се договорија меѓусебно да се борат за титулата светски првак.

Тајсон Фјури и Олександр Усик се договорија да се соочат еден со друг во рингот во она што би било многу очекувано обединување на титулите, рече Боб Арум .кој стои и зад промоцијата на Фјури.

Точниот датум и место на борбата, која ќе ги обедини титулите во тешката категорија за прв пат по Ленокс Луис во 1999 година, допрва треба да се одреди.

Сепак, и двајцата боксери сакаат борбата да се одржи на почетокот на 2023 година. Менаџерот на Усик вели дека борбата треба да се одржи најдоцна до 4 март 2023.

Кандидати за домаќини на големиот боксерски меч се Блискиот Исток, поточно Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, а можеби и Катар и Велика Британија.

Кога битката би се одржала на Островот, Вембли би бил речиси сигурна опција.

Треба да знаете
Последни објави