Search

ФИА им забранува на пилотите во Ф1 да даваат политички изјави

Светската автомобилистичка федерација (ФИА_ им забрани на возачите на Формула 1 и другите натпреварувачи спонзорирани од федерацијата да даваат политички изјави.

Слично ограничување се појави во ажурираната верзија на Меѓународниот спортски кодекс.

– Отсега, на учесниците им е забрането да даваат изјави или да коментираат политички, верски или лични теми, доколку тоа е спротивно на општиот принцип на неутралност прогласен во статутот на ФИА, соопшти федерацијата.

Исклучоци ќе бидат направени само доколку промоцијата или објавата се договорени однапред со ФИА.

Треба да знаете
Последни објави