Search

Лилард го помина Дрекслер на вечната листа на стрелци кај Портланд

Демијан Лилард е водечкиот стрелец на Портланд на сите времиња.

Во третата четвртина од мечот одигран ноќеска против Оклахома сити (121:123), Лилард го реализираше слободното фрлање и го постигна својот 21. поен на натпреварот. Ова му овозможи да ја помине клупската легенда Клајд Дрекслер, кој застана на 18.040 поени за Портланд.

Лилард, досега за Блејзерс во текот на неговата кариера, постигна 18.048 поени.

Лилард беше избран како шест пик на драфтот во 2012 година и одигра 730 натпревари за тимот. Дрекслер забележа 867 настапи во 12 сезони со Портланд. 

Треба да знаете
Последни објави