Search

И Мароканците ги пречекаа своите херои

Во сенка на аргентинското „лудило“ и пречекот на светските шампиони во Буенос Аирес, забава има и во Рабат.

Мароканците ги пречекаа своите фудбалски херои – десетици илјади луѓе ги поздравија момците на Валид Реграги, а беа свечено дочекани и од Кралот.

Мароко го направи најголемото изненадување на Светското првенство во Катар, се пласираше во полуфиналето. Мароканците станаа првата африканска селекција која стигнала до полуфинале на Светско првенство во фудбал и тој историски потфат заслужено се славеше.

Треба да знаете
Последни објави