Search

Здравствената состојба на Вијали се влошила, итно е префрлен на лечење во Лондон

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Италија, Џанлука Вијали води тешка животна борба. Поради влошената здравствена состојба итно е префрлен на лекување во Лондон.

Вијали се бори со канцер на панкреасот, кој му е откриен во 2017 година. По извршената хирушка интервенција и повеќемесечната терапија успеа да се избори и повторно да му се врати на фудбалот како дел од стручниот штан на селекторот на Италија, Роберто Манчини.

Но, болеста повторно му се вратила поради што Вијали одлучил да се повлече од стручниот штаб на репрезентацијата за да се посвети на новата борба со болеста. Вијали во својата играчка кариера настапуваше за Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челзи. За репрезентацијата на Италија одигра 59 натпреаври и постигна 16 голови.

 

Треба да знаете
Последни објави