Search

Д-р Беќаровски: Родители најдете малку време да проверите како се “хранат” Вашите деца, пред да биде предоцна

„Диета со вино“, е многу позната меѓу скопските тинејџерки, открива д-р Нико Беќаровски.
„Една стара “диета” промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува се попопуларна меѓу скопските тинејџерки.
“Диетата” се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.
Повеќенеделното придржување кон оваа “диета” може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА“, предупредува Беќаровски на социјалната мрежа ФБ.
„Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија !!
Родители најдете малку време да проверите како се “хранат” Вашите деца, пред да биде предоцна.
Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед“, стои во неговата објава на ФБ.

Треба да знаете
Последни објави