Search

Да ја испратиме 2022 година со новогодишната хит детска претстава „Сами сме дома”

Детски шеги, новогодишна еуфорија, родителски емоции, вака се опишуваат првите впечатоци по претставата „Сами сме дома” во која глумат 70 млади актери на возраст кои се дел од актерската школа на Весна Петрушевска.

„Драго ни е што првите претстави ги распродадовме во рекордно време и што оваа модерна, забавна и интерактивна новогодишна претстава „Сами сме дома” ќе се прикажува повторно на 28ми декември, среда, од 18 часот во Дом на АРМ. Картите можете да ги резервирате преку контакт телефонот 078/227-316. Со претставата навистина им покажеме на децата дека можат да ги допрат ѕвездите!” истакна актерката Весна Петрушевска.

Работата на Весна Петрушевска кон најмалите љубители на пишаниот збор и театарот е континуирана. Секој час во актерската школа на децата е едукација и забава уште од мали нозе, каде се дава љубов и поддршка од децата за децата.

„Овие “мали” актери на публиката им ја пренесуваат сета среќа и тага од драмските текстови. Време е да ја почувствуваме сите заедно новогодишната магија” додаде Петрушевска.

Треба да знаете
Последни објави