Search

(Видео) Аргентинските фудбалери во последен момент избегнаа трагедија

Авионот во кој се наоѓаше репрезентацијата на Аргентина која го освои трофејот на штотуку завршеното 22. Светското фудбалско првенство, кое се одржа во Катар, слета во Буенос Аирес во раните утрински часови.

Фудбалерите беа пречекани од илјадници Аргентинци, па започна лудо славје, кое за малку можеше да се претвори во трагедија. Откако фудбалерите се сместија во автобус со отворен покрив, некои од нив седнаа на кровот. Откако почна маршутата по која се движеше автобусот налета на висечки кабли за струја кои беа вистинска опасност за фудбалерите кои во последен момент инстиктивно ги избегнаа со наведнување на главите .

Треба да знаете
Последни објави