Search

Бред Пит го прослави роденденот со новата девојка

Бред Пит и Инес де Рамон продолжија да ги подгреваат гласините за љубовна врска со прославувањето на неговиот 59. роденден заедно.

Ѕвездата на „Вавилон“ и 32-годишната Инес беа фотографирани минатиот викенд во Холивуд на неговиот специјален ден.

Тие беа забележани во неделата како излегуваат од автомобил пред да се упатат кон местото на забавата.

Гласините за наводната романса почнаа да кружат во ноември, кога беа видени како се држат за рака на концертот на Боно во Лос Анџелес во друштво со Синди Крафорд, Ранде Гербер и Шон Пен.

Инес, потпретседателка на компанијата за накит Anita Ko Jewellery, претходно беше во брак со актерот Пол Весли (40) три години, пред да се разведат на почетокот на оваа година.

Треба да знаете
Последни објави