Далас губи без Дончиќ, 58 поени на Букер

Дербито на вечерта во НБА го играа Феникс Санс и Њу Орлеанс, а на крајот заврши со победа на домаќините од 118:114. Главна ѕвезда беше Девин Букер кој натпреварот го заврши со 58 постигнати поени, најдобар поентерски ефект сезонава.

На спротивната страна најефикасни беа Вилијамсон со 30 и МекКалум со 27 поени.

Далас избори продолжение против Кливленд во натпревар со малку поени (100:99), но не успеа да слави на гостувањето без Лука Дончиќ во составот. Прво име во победничкиот тим беше Донован Мичел со 25 постигнати поени, додека на спротивната страна новодојдениот Кемба Вокер уфрли 32.

Милвоки се рехабилитираше од дебаклот против Мемфис и ја совлада Јута со убедливи 123:97. Во отсуство на Јанис Адетокумбо, најефикасни биле Портис со 22 и Холидеј со 21 поен.

Л.А Клиперс – Вашингтон 102:93
Сан Антонио – Мајами 101:111
Кливленд – Далас 100:99 (п)
Хјустон – Портланд 95:107
Милвоки – Јута 123:97
Оклахома – Мемфис 115:109
Феникс – Њу Орлеанс 118:114

Треба да знаете
Последни објави