Варан: Еден час не бевме во игра, се вративме и можевме да победиме

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан ги сумираше впечатоците од вечерашното финалето на Светското првенство 2022 против Аргентина (3:3, 2:4 – на пенали).

– Многу сме разочарани. Ги дадовме сите сили, не се откажавме. Денеска бевме надвор од игра еден час. Но, се вративме и можевме и да победиме. Горд сум на овој тим кој се одликува со цврстина, единство и верба во победата. Ова ни овозможи да стигнеме до финалето. Но, ова не беше доволно за победа, изјави Варан за „L’Equipe Варан”.

Аргентина водеше со 2:0 до 80. минута, потоа во продолженијата имаше предност и од 3:2, но на крајот сепак пеналите го решија победникот.

Варан беше сменет во 113. минута и немаше можност да учествува во изведувањето пенали.

Треба да знаете
Последни објави