Аргентина за титулата заработи 42 милиони долари од ФИФА

Аргентина за освоената титула светски фудбалски првак заработи награда од ФИФА 42 милиони долари. Франција која ја предаде титулата како вторпласирана заработи 30 милиони долари.

Хрватска за освоеното трето место и бронзениот медал заработи 27 милиони долари, а четвртопласираниот Мароко 25 милиони долари.

Вкупниот награден фонд на ФИФА за овој Мундијал изнесуваше 400 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави