Search

Ѓоковиќ се прости од Михајловиќ: Твојата трага не може да се избрише

Фудбалскиот свет остана во тага откако пред два дена почина Синиша Михајловиќ. Многу јавни личности се простија од српскиот тренер и поранешен играч, а последен во таа листа се приклучи Новак Ѓоковиќ.

Тенисерот испрати емотивна порака со која се прости од Михајловиќ преку социјалните мрежи.

„Почивај во мир, драг Синиша. Сочувство до фамиијата Михајловиќ. Благодарен сум за сè што направи за нашиот спорт, како и во Италија. Твојата трага не може да се избрише“, напиша Ѓоковиќ.

Популарниот Миха ќе биде погребан во Рим, по одлука на неговото семејство. Тој го мина својот фудбалски живот во Италија, па јасно е зошто неговата сопруга сака да остане таму.

Треба да знаете
Последни објави