Search

Франција комплетна, Ди Марија се враќа во тимот на Аргентина

Франција и Аргентина ќе се борат по трет пат во својата историја да ја освојат „Божицата“. „Триколорите“ сакаат да ја одбранат титулата, додека Аргентина со помош на Меси конечно да го прекине чекањето кое трае од 1986 година.

Веќе се познати стартните состави. Франција е комплетна бидејќи во тимот се враќаат Упамекано и Рабио.

Кај Аргентинците има една промена во однос на полуфиналето, каде на местото на Паредес во стартниот тим ќе биде Ди Марија.

Франција: Лорис, Кунде, Варан, Упамекано, Тео Хернандес, Чуамени, Рабио, Гризман, Дембеле, Мабпе, Жиру.

Аргентина: Мартинез, Молина, Ромеро, Отаменди, Таљафико, Фернандез, Де Паул, Мекалистер, Ди Марија, Меси, Алварез.

Треба да знаете
Последни објави